Фото: Пиксабеј

Германија планира да издвои повеќе од 100 милијарди евра за да им помогне на компаниите , се наведува во документот објавен денеска од министерствата за финансии и за економија.

Санкциите воведени против Русија поради нејзината инвазија врз Украина силно ја погодуваат руската економија, но исто така ги погодуваат и компаниите во Германија, пишува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за економија.

Министерот за економија Роберт Хабек и министерот за финансии Кристијан Линднер подготвија сеопфатен пакет мерки за да им помогнат на компаниите кои се тешко погодени од војната или санкциите.

– Во сегашната ситуација, краткорочната ликвидност е пред се важна за компаниите. Затоа Владата првенствено ја поддржува ликвидноста на компаниите и секторите – се вели во соопштението.

Владата преку развојната банка КФВ ќе им понуди заеми во вредност од околу седум милијарди евра на компаниите кои беа погодени од војната.

– Компаниите од сите големини треба да имаат пристап до кредити со ниски камати, без обврски – пишува во документот.