Фото: Маја Јаневска-Илиева

Европската комисија ќе ја ревидира целата своја развојна помош од 691 милиони евра за Палестинците и веднаш ќе ги прекине сите исплати, откако Хамас го нападна Израел.

„Степенот на теророт и бруталноста против Израел и неговиот народ е пресвртница“, рече европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, во објава на платформата Х, поранешен Твитер.

Вархеји, исто така, рече дека сите нови буџетски проценки за палестинската помош се одложени.

„Сега е неопходно да се позанимаваме со темелите на мирот, толеранцијата и соживотот“, рече Вархеји, пренесе Ројтерс.

Во судирите што следеа по истрелувањето на илјадници ракети на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа најмалку 700 Израелци, додека при израелските воздушни напади во Појасот Газа се убиени најмалку 436 луѓе.