Протестите кои почнаа во неделата, синоќа и утринава, прераснаа во насилство, што доведе до пад на Владата во Казахстан.
Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите се забележани во градот Алма Ата, а според последните информации стотици луѓе се повредени.
Протестите започнаа во неделата во провинцијата Мангистау, која произведува нафта во западен Казахстан, по укинувањето на прописите со кои се ограничи цената на течниот нафтен гас, популарно гориво за автомобилите, по што цената на горивото се зголеми за повеќе од 100 отсто.
Демонстрантите денеска во текот на денот упаднале во управната зграда (акимат), при што било забележано дека полицијата употребила гумени куршуми во обид да ја разбие масата.
Според руската телевизија „РЕН ТВ“, еден демонстрант е убиен во градот Атирау. Според прелиминарните информации тој е првата жртва на масовните улични протести во Казахстан.
Демонстрантите се обидувле да ја заземат зградата на регионалната полициска управа, а полицијата почнала да фрла шок бомби.
Демонстрантите ја урнале статуата на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој беше на чело на Казахстан во периодот од 1989 до 2019 година.
Во немирите се повредени повеќе од 100 полицајци и 50 цивили, јавуваат локалните медиуми. Но, бројот на жртвите не е познат, но судејќи по зборовите на претседателот на таа земја, жртви има и меѓу полицијата. Претседателот Токаев не даде повеќе информации за бројот на жртвите.
На социјалните мрежи биле објавени снимки на кои се гледа како некој пука во војниците, и како војниците извлекуваат ранети колеги од градските раскрсници.
Инаку, претседателот Токаев претходно изјавил дека „ќе постапи грубо во ситуацијата со протестите“ и дека нема да го напушти главниот град што и да се случи.
Руските медиуми јавуваат дека во центарот на конфликтот во градот Алма Алта веќе неколку часа не работат мобилната телефонија и интернетот.
Демонстрантите денеска упаднале и во редакцијата на „РТВ Мир“, целата опрема била уништена, а вработените биле евакуирани.
Драматични сцени во текот на денот биле видени на улиците на неколку градови во Казахстан. Демонстрантите во Алма-Ата одзеле огнено оружје, штитови и палки од полицијата, а било одземено и едно противпожарно возило.
Во текот на утрото, демонстрантите упаднале во канцеларијата на градоначалникот, а потоа се обиделе да влезат во резиденцијата на претседателот во градот Алмати, според руската агенција „TAС С“.
Во жестоките судири од синоќа, кои продолжиле и денеска, повредени биле 190 лица, од кои 137 полицајци. Како што јавува „ТАС С“, во денешните немири се повредени и пет работници на Брзата помош.
Откако владата поднесе оставка, а претседателот на Казахстан Касим-Жомарт Токаев воведе вонредна состојба, демонстрантите во Алмати денеска продолжија да се судираат со полицијата која почна да користи специјални средства, солзавец и шок бомби.