Украина месецов ќе ја добие првата транша од програмата за поддршка на земјата во износ од 4,5 милијарди евра, а втората транша вредна 1,5 милијарди евра ќе биде одобрена во април, изјави во Киев, извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис.
– Веќе го финализираме механизмот за поддршка на Украина, кој се нарекува Механизам за Украина… Првата транша од оваа помош во износ од 4,5 милијарди евра ќе биде добиена во март, а набрзо потоа, во април, ќе бидат добиени 1,5 милијарди евра – рече Домбровскис на заедничката прес-конференција со украинскиот премиер Денис Шмигал.
На 27 февруари, Европскиот парламент ја поддржа одлуката за стартување на Механизмот за Украина – инструмент кој предвидува можност Украина да добие финансиска и техничка помош од ЕУ за вкупно 50 милијарди евра во периодот 2024-2027 година.