Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, смета дека моментално постигнатото смирување на тензиите меѓу Белград и Приштина со посредство на Западот не може да биде одржливо, а да се игнорираат важните прашања за српскиот народ.

– Компромисот постигнат со „цврстите гаранции“ на Западот тешко може да се нарече одржлив. Клучното прашање за формирање на Заедницата на српските општини, која треба да биде ефективен инструмент за остварување на правото на безбедност на Србите во услови на систематски прогон на национална основа, е игнорирана – рече Захарова, пренесува ТАСС.

Како што оценува Захарова, додека Приштина не ја исполни обврската што ја саботира десет години, ситуацијата ќе остане иста со постојана опасност од повторна ескалација на конфликтот и додава дека изјавите на приштинските власти покажуваат дека немаат намера да се откаже од идејата за насилна контрола на деловите населени со Срби.

– Ние многу добро ја знаеме цената на какви било гаранции од Западот, тоа сме го виделе многу пати во Украина, на Балканот и во други кризни жаришта. Се додека, и покрај договорите за деескалација, на кои инсистираат САД и ЕУ , клучните прашања на Косово остануваат нерешени, постигнувањето трајно решение не е можно. Посредувањето на ЕУ во дијалогот не дава резултати, преговорите се бесмислени, што и дава можност на Приштина да го зајакне антисрпскиот наратив – оцени Захарова.