Комитетот за финансии и државен буџет во Претставничкиот дом на Конгресот на САД гласаше за поддршка на јавното објавување на даночните пријави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. На овој начин беше завршена речиси четиригодишната битка на демократите да го принудат Трамп да ги објави овие документи.
Американските претседатели не се обврзани со закон да ги објават своите даночни пријави, но тоа го правеле доброволно со децении. Сепак, Трамп напорно се бореше да ги заштити своите даночни пријави. Објавувањето на документите го поддржаа 24 членови на Комитетот, додека 16 беа против, при што сите демократи беа за, а сите републиканци против.
Во 2016 година, Трамп стана првиот претседателски кандидат од големата партија кој одби јавно да ги објави своите даночни пријави додека беше во кампања по Ричард Никсон во 1972 година. Трамп тогаш најави дека ќе го стори тоа откако ќе заврши ревизијата на даночните служби. Комитетот почна да бара објавување даночни пријави откако демократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом во 2019 година.
Одборот го цитираше федералниот закон кој му дозволува да бара посебен пристап до индивидуалните даночни пријави. Републиканските критичари ги обвинија демократите дека само бараат изговор за пристап до финансиските документи на Трамп. Администрацијата на Трамп одби да соработува со комитетот, што предизвика долготрајна правна битка што заврши со Врховниот суд на САД.
Врховниот суд ја потврди одлуката на апелациониот суд дека демократите имаат право на пристап до даночните пријави. Во 2020 година, „Њујорк“ Тајмс доби копии од даночните пријави на Трамп за период од 18 години.
Во серија написи на оваа тема, весникот објави дека претседателот не плаќал федерални даноци во 10 од тие 18 години или дека плаќал само 750 долари данок во секоја од неговите први две години во Белата куќа.
Одлуката на Комитетот дојде само еден ден откако конгресната комисија предводена од демократите побара од Министерството за правда на САД да отвори кривична пријава против поранешниот претседател за бунт и други обвиненија поврзани со минатогодишните немири од страна на неговите поддржувачи во Капитол.