Фото: Принскрин

Експлозивот употребен на мостот на Крим бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија, тврди руската Федерална служба за безбедност, пренесе БТА.

Како организатор на експлозијата, посочен е шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов.

Петмина државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија се приведени поради учество во експлозијата, која Москва ја окарактеризира како терористички чин, информира Интерфакс.

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, нареди итна истрага по објавувањето на информацијата дека камион натоварен со експлозив од Бугарија ја предизвикал експлозијата на мостот на Крим, соопшти владиниот портпарол Антон Кутев.