Фото: ЕПА

Според анализата во „Модерн дипломаси“, на БРИКС+ до 2030 година ќе му се приклучат десетици нови држави-членови и ќе се направи квалитетен исчекор во низа економско-финансиски индекси, а до 2040 година тоа ќе доведе до нов интелектуализам во геополитиката и социоекономските сфери за суперкомплексната ера на т.н. „паметно живеење во 2050 година“…

Анализа

Анализирајќи го подемот на БРИКС во поединечни децении, аналитичарот Насим Џавид за „Модерн дипломаси“ најпрвин се навраќа во 2001 година, кога организацијата започна да се појавува во јавноста како акроним за Бразил, Русија, Индија и Кина (БРИК).
Уште поодамна, економистот од „Голдман сакс“, Џим О’Нил, тврдеше дека до 2050 година четирите економии на БРИК ќе доминираат во глобалната економија. Така, Јужна Африка беше додадена на БРИК во 2010 година. А она што е најактуелно и за што пишувавме во неколку наврати е тоа дека во последно време повеќе земји изразуваат интерес за приклучување: Авганистан, Алжир, Аргентина, Бахреин, Бангладеш, Белорусија, Египет, Индонезија, Иран, Казахстан, Мексико, Никарагва, Нигерија, Пакистан, Саудиска Арабија, Сенегал, Судан, Сирија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Тајланд, Тунис, Турција, Уругвај, Венецуела и Зимбабве.
За тоа што значат ваквите иницијативи и во која насока се движат работите врзани за БРИКС издвоивме мислења на повеќе аналитичари.

Будење на БРИКС

Историски гледано, опсервациите на аналитичарите лоцираа еден феномен кај нациите-членки на БРИКС, односно дека тие „ја туркаа својата агенда за народната моќ, направија економски модели за создавање вредност, при што не се фокусираа на моќни воено-индустриски комплекси“! Имено, аналитичарите забележуваат дека државите од БРИКС немаа амбиција, ниту пак се фокусираа на управување со глобалните односи, туку на сосема друга страна. Заедничкиот именител на земјите на БРИКС е дека тие решија да обезбедат храна за гладните, бидејќи имаат големо население, постојано се усовршуваа и го подобруваа создавањето вредности бидејќи беа богати со мали и средни претпријатија. Тие постојано внимаваа да создадат мултилатерализам за да ја унапредат благосостојбата на човештвото.

Неколку елементи за размислување

Во третата деценија од третиот милениум, до 2020 година, избија три трансформации. Прво, футуризмот ги промени правилата за „начинот на работење“ и создаде нова нерамнотежа со „менталитетот на изведбата“. Ова ја подели работната сила во светот, поточно се промени стариот систем со над милијарда патувања дневно за да се дојде до седиштата на компаниите. Така, сега, како одговор на тоа, околу 50 отсто од светската работна сила избра да се држи настрана и да работи од далечина. Но токму тоа ги деиндустријализира западните земји! Понатаму, технологијата им помогна на некои нации да се развијат и ги разоткри слабостите на западните економии, кои сега се на стаклени нозе.
Интегрираните мрежи ги изложија дигиталната поврзаност и функционирањето на милиони села, градови и нации со дополнителни милијарди луѓе со можност да комуницираат, да тргуваат, да му го подобрат просперитетот на обичниот граѓанин и да создадат добро информирано граѓанство што ќе има свој став. Пред околу 100 години, ако само еден отсто од светската популација знаеше што се случува, денес тоа е десетина пати повеќе, а до 2030 година двојно ќе се зголеми. Меѓународното мислење денес е веќе доволно силно за да го скрши секое мислење за супремација на некоја ексклузивна (западна) нација, која сè уште останува под илузијата на самопромовирана победа.

Лекции за Западот, лекции за Истокот

Последните неколку децении, додека се издигнуваше новиот свет, западните граѓани се чувствуваа како експерти за Кина, а нивните редовни посети во локалните кинески ресторани формираа погрешна претстава за Кинезите дека се добри само како обични работници. Истокот отсекогаш беше прикажан како сиромашен и нефункционален. Маѓепсан од медиумското претставување низ историјата, Западот беше еднакво убеден дека Индија, која важеше за земја на дресери на змии, конечно еден ден можеби подобро ќе зборува англиски. Општите сфаќања за Азија, освен јадењето ориз, се околу тоа дали можат да направат поевтини производи за Западот. Другото е историја, грешки и лекции.
Сега само Кина и Индија создадоа околу 500 милиони нови претприемачи, не со магично стапче или метакриптостапче, туку со Националната мобилизација на претприемаштвото, преку создавање протоколи за мобилизација за идентификување, класифицирање и дигитализирање врз основа на повеќе економски фактори.
Според повеќето издвоени анализи, „се покажа дека оваа методологија беше многу понапредна во стратегијата и строгото управување за разлика од лудилото по глобализацијата од Западот, каде што ненадејниот извоз на производствените капацитети на фабриките, кој го уби производството и ја уништи средната класа во западните држави, веќе ја прогласи глобализацијата за голем успех“!


Интересно видување на „Модерн дипломаси“ за моќта на милијарди мали и средни претпријатија

Претприемаштвото се расплетува како сага, како обемно парче литература, но бара писменост, разбирање на размислувањата на барателите на работа и способност да се разликува од претприемачкиот начин на размислување за креаторите на работа веќе е половина добиена битка.
Во анализата на „Модерн дипломаси“ има исклучително интересно тврдење за моќта на малите и средни претпријатија (МСП) што се однесува до БРИКС. Имено, таму се тврди дека „нациите што не успеваат да ја сфатат моќта на милијарди мали и средни претпријатија, кои само го зголемуваат својот број во Азија, и сè уште не можат да прогласат национална агенда за национална мобилизација на малите и средните претпријатија, сега мора да разберат за факторот 4М: милијарда раселени поради пандемијата, милијарда заменети поради технологијата, милијарда погрешно поставени на погрешни работни места и милијарда што гладуваат. Понатаму, оваа дигитално поврзана маса на луѓе од четири милијарди, досега во историјата на човештвото, сега е најзначајната сила на глобалното мислење. Може да се забележи дека нациите се веќе „опиени со радоста“ поради популарноста на нивното национално јавно мислење, а се разбира дека има мноштво западни земји што имаат спротивно мислење и истото тоа го наметнуваат на меѓународната, светска сцена.