ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 68-годишниот З.С. од селото Другово поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, кој работел како професор во средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка за време на извршување на своите работни обврски.
Во инцидентот ученичката се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кичево.
– ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘насилство врз дете’. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка, која се здобила со телесни повреди – информираат од МВР.
Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

































