Фото: Твитер/Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Молдавија вети дека САД ќе и помогнат на Молдавија, која е наклонета кон Западот, да се справи со приливот на бегалци од Украина.

Блинкен денеска треба да се сретне со високи претставници на Молдавија кои бараат меѓународна помош за згрижување на повеќе од 120.000 бегалци од Украина и безбедносни гаранции од можен руски напад.

Блинкен кажа дека начинот на кој Молдавија ги прими бегалците е инспирација за светот.

-Се восхитуваме на великодушното гостопримство, подготвеноста да им бидеме толку добар пријател на луѓето во тешкотии и навистина сакаме да направаме се што можеме за да ви помогнеме да се справите со товарот што доаѓа со тоа – рече Блинкен.

Блинкен вчера беше во Полска каде и вети дополнителна помош на Украина, а претходно во Брисел.

Американскиот државен секретар на Полска и на земјите каде има бегалци од Украина им вети помош од 2,75 милијарди долари, што американскиот претседател Џо Бајден веќе ги побара од Конгресот.

Русија веќе има трупи во Молдавија стационирани во спорната територија Придњестровје и тие се внимателно следени додека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со нападите на Украина.

Иако Молдавија не планира да стане членка на НАТО, таа пред три дена и официјално поднесе барање за брз прием во ЕУ, во обид да ги зајакне своите врски со Западот.