Фото: Твитер/Ентони Блинкен

САД сѐ уште се сомневаат дека Русија е сериозна во разговорите со Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен, по извештаите за напредок на состанокот во Турција.

– Не видов ништо што сугерира дека ова се движи напред на ефективен начин, бидејќи не видовме знаци на вистинска сериозност од Русија – изјави Блинкен на прес-конференција во Мароко.