Руската воздушна одбрана соборила четири ракети над Белгород, на границата со Украина, а повредена e една жена, соопшти гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
– Нашата воздушна одбрана собори четири ракети над Белгород. Се расчистуваат последиците на терен. Веќе е пријавено едно повредено лице. На местото на настанот е испратена брза помош – напиша Гладков на каналот Телеграм.
Како што наведе, причинета е штета и на два станбени објекти.
Гладков не кажа кој ги испукал ракетите, но во претходните случаи ги обвинувал украинските сили од другата страна на границата – потсетува Ројтерс.