Периодот на многу загаден до екстремно лош квалитет на воздухот во областа на Загреб и околината ќе трае најмалку уште следните три дена, имено најдолго што може да се направи процена според новиот модел на Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска
Главниот град на Хрватска, Загреб, заедно со неговата околина е веќе трет ден под црвен аларм поради загаденост на воздухот. Ова е информација што денеска ја лиферува Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска и е поврзана со квалитетот на воздухот во главниот град на Хрватска, но и неговата околина. За работите да бидат уште полоши, периодот на многу до екстремно лош квалитет на воздухот во областа на Загреб ќе трае најмалку уште следните три дена, имено најдолго што може да направи процени новиот модел на Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска.
Прогнозата за квалитетот на воздухот е посочена кон овие загадувачи што имаат најзначајно влијание врз квалитетот на воздухот и врз здравјето на населението:
1. суспендирани честички со дијаметар помал од 2,5 и 10 μm (ПМ2,5 и ПМ10) и
2. азот диоксид (NO2)
Токму честичките ПМ2,5 значително ја надминуваат пропишаната гранична вредност од 25 μg/m3, искачувајќи се до двојни вредности од над 50 μg/m3 во областа на Загреб и пошироката околина. Иако бројки на прогноза на загаденост за наредните денови не се публикувани, во наредните денови, според Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска, квалитетот на воздухот во Загреб, во најдобар случај, ќе биде двојно полош отколку што треба да биде, според законот.
Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска предупредува дека пошироката јавност треба да размисли за намалување на интензивните активности на отворено доколку граѓаните почувствуваат симптоми како што се иритација на очите, кашлица или болки во грлото. Директни совети за намалување на физичката активност на отворено им се дадени на ранливите групи, особено ако ги искусат споменатите симптоми, дури и во најмала мера. Во секој случај, во медиумите се апелира дека граѓаните треба да ја намалат физичката активност на отворено, додека ранливите граѓани мора целосно да избегнуваат физичка активност на отворено.