фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Избирачките места во Босна и Херцеговина беа затворени во 19:00 часот, каде што граѓаните гласаа за локалните органи на власта.

До 15:00 часот, гласале 34,98 отсто од гласачите, што е на ниво на излезноста од општите избори во 2022 година, но помалку во споредба со претходните локални избори.

Избори не се одржаа во пет општини погодени од поплави – Јабланица, Коњиц, Крешево, Кисељак и Фојница. ЦИК најави дека изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се создадат услови, најмалку за седум, а најмногу за 30 дена.

Граѓаните на БиХ денеска избираа советници во општинските и градските совети, собранието на Дистрикт Брчко, како и начелници или градоначалници. Прелиминарните резултати се очекуваат околу полноќ.