Фото: Илустрација/Архива

Седумдесет и пет училишта ширум Србија добиле дојави за поставени бомби до девет часот. Според дописниците на РТС, дојави за бомби пристигнале во Белград, Ниш, Чачак, Горњи Милановац, Нови Пазар, Крагуевац, Краљево, Крушевац, Нови Сад, Суботица и Апатин.

Децата се евакуирани од овие училишта, додека припадниците на МВР вршат контра-субверзивна проверка за да утврдат дали пријавите се лажни.

Досега е потврдено дека пријавите биле лажни во Крагуевац, Нови Сад и Нови Пазар.

Во претходниот период во училишта во повеќе градови во Србија се добиваа закани за бомби, а по извршен увид во просториите беше утврдено дека се лажни.

Експертите предупредуваат дека лажните пријави нанесуваат повеќекратна штета на државата – правна, економска и политичка.