Фото: Александар Вучиќ/ инстаграм

Нападот во Младеновац, Србија, е терористички чин. За ова е дециден претседателот Александар Вучиќ. Тој кажа дека се изгубени животи на многу граѓани и дека се сочувствува со семејствата и сите граѓани.

-Ова е напад на целата држава, секој граѓанин тоа го чувствува. Ако сум поборник на теориите на заговор, ќе имав што да кажам. Изгубивме многу деца, многу граѓани. По убиството на децата, сите бевме во состојба на шок – рече Вучиќ.

Синоќешниот напад, Вучиќ го карактеризираше како терористички.

-Нашите служби имаа задача да го уапсат или неутрализираат терористот. Лицето е уапсено и светлост во денот, нема да види. Од затвор нема да излезе – додаде Вучиќ.

Тој се заблагодари и на таксистот кој дојавил на полицијата каде се наоѓа убиецот од Младеновец, бидејќи имало такви кои знаеле но не дојавиле.

Припадници на МВР, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсиле У.Б.(2002). Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје убил осум лица и ранил 14. Повредените лица се згрижени во болниците.

Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан, според медиумите во соседството. Министерството за здравство на Србија итно апелираше до граѓаните доброволно да даруваат крв за повредените. Во неколку болници во Белград и во Смедерево се згрижени лицата повредени во синоќешното крвопролевање кај Младеновац во Србија.

Инаку, Србија носи низа мерки по двата масакри. Вучиќ најави дека во секое училиште ќе има полицаец, а затоа, се примаат нови. Притоа, посочи дека ќе се менува законот за оружје со цел, да се заострат критериумите. Во следните две години нема да се издава ниту дозвола за оружје.

-Досега нашите полициски службеници имаа обврска, пред почетокот на наставата и по крајот, да проверат што се случува во училиштата. Се примаат нови 1.200 полицајци кои ќе бидат во училиштата. Ќе пуштиме над 1.000 полицајци, за да поминуваат време во училиштата, за да покрај обезбедувањето, да има и по еден полицец во училиштата. Со тоа не само што ќе ја подигнеме сигурноста, туку ќе го намалиме врсничкото насилство, што е голема работа. Тие кои ги тепаат послабите од себе, секогаш се плашат од појаките – а државата е најсилна. Не постои мајка и баба кои спиеја во изминатите 48 часа – кажа Вучиќ.

Ќе има месец дена за сите кои имаат нелегално оружје да го предадат, во спротивно, ќе има последици, а оружјето ќе биде најдено.

-Владата ќе наложи да се измени закоот за оружје. Ќе има ревизија за сите кои имаат оружје. Ќе направиме потполно разоружување на Србија. Инаку казните ќе бидат преголеми. Па ќе видиме како ќе го набавите оружјето, како она вчера, со кое направивте масакар – рече Вучиќ.

До осум години затвор ќе има за сите кои неелгално ќе набават оружје.

-Тој што носи оружје, а нема дозвола, да биде казнет до 15 години, а до 12 години како што беше досега – додава Вучиќ.