Фото: ЕПА

За Европската Унија и нејзиниот шеф за надворешна политика Жозеп Борел, последиците од дипломатскиот неуспех се протегаат далеку од судбината на северниот дел на Косово, во кое има мнозинско српско население. Пред руско-украинскиот конфликт, ЕУ ги удвои своите напори да го приклучи Западен Балкан во својата орбита и да се бори против влијанието на Москва. Но, оружените престрелки на Косово во неделата покажуваат дека во ова балканско жариште пристап на ЕУ не функционира. Вакви и слични ставови изрази во својата анализа „Гардијан“, по минатонеделниот оружен инцидент во селото Бањска на северот на Косово

Од анализата на „Гардијан“ за иднината на Косово

На почетокот на текстот од анализата, објавена во реномираниот весник „Гардијан“, авторот на колумната потсетува на интервјуто со косовскиот премиер Албин Курти, кој тврди дека преговорите со посредство на Европската Унија се во опасност да влезат во ќор-сокак. Набрзо по објавувањето на интервјуто, на теренот имаше потврда дека навистина е започнат оружен судир меѓу Албанците и Србите на Косово. Имено, во сериозна ескалација на тензиите, пет лица, меѓу кои и еден косовски полицаец, беа убиени по заседа на неидентификувани вооружени лица во близината на српската граница.

Спиралните тензии меѓу Приштина и Белград повторно се прелеаја во насилство, дипломатските чекори на ЕУ се во голема опасност од пропаѓање

Договорот што беше постигнат минатата пролет ја обврза Србија да го признае Косово во замена за добивање полуавтономни овластувања за општините со српско мнозинство на северот на Косово. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сè уште не го потпиша договорот и јавно се пофали со тоа. Во април, неговата влада се спротивстави на кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа. Курти не испорача политичко самоуправување во областите со мнозинско косовски Срби. Тој ги антагонизираше локалните жители преку распоредувањето специјални полициски единици и претседаваше со неуспешните локални избори, по што следуваше бојкотот од српските граѓани и доведе до одзив од четири отсто.
Оттука, дипломатските чекори на ЕУ се во опасност, што доведе и до сериозно насилство. Но, за тоа, Борел можеби ќе треба да преземе одредена одговорност. Курти тврди дека падот на довербата на косовската страна е резултат на „изгубената неутралност“ од страна на специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак. Ова лето група високи западни политичари ја истакнаа истата поента кога говореа за „политиката на Балканот во центарот на Белград“ од страна на Западот, пишува „Гардијан“.

Некои земји од ЕУ истакнуваат дека и Курти направил грешки

Според „Гардијан“, се чини дека Брисел и Вашингтон ѝ дадоа приоритет на потребата да се задржи Вучиќ настрана, со оглед на регионалното влијание на земјата и значајните врски со Русија. Притоа, тие ризикуваат да ја занемарат потребата да се заштити Косово од махинациите на силеџискиот и многу поголем сосед, кој верува дека нема право да постои. Со оглед на околностите и неодамнешната историја во Украина, едвај е изненадувачки што Курти има сомневања за предавање поголема моќ на косовските Срби на северот, кои се наклонети кон сепаратистите. Курти ги поттикна незадоволствата на северот, каде што поголема автономија неизбежно ќе биде дел од секое успешно решение. Но, ова е прашање за конечниот статус што треба да оди рака под рака со вистинските потези од Белград. ЕУ исто така мора да си ја уреди својата куќа. Пет членки на ЕУ досега не го признаа Косово поради лажна еквивалентност помеѓу околностите на неговата независност и нивните малцински прашања. Пообединета Европа би била поавторитетен и поефективен посредник во овој проблематичен и витален регион, се заклучува во колумната на „Гардијан“.