Босна и Херцеговина
По барање на Словенија, вчера се одржаа консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за состојбата во Босна и Херцеговина. Симптоматично, состанокот се одржа зад затворени врати. Словенија, во координација со другите европски земји, ја побарала оваа средба поради „последните антиуставни потези на претседателот и раководството на босанскиот ентитет Република Српска и загриженоста за состојбата во Босна и Херцеговина“.
Според консултациите со наши соговорници, дипломати, состанокот на Советот за безбедност за БиХ зад затворени врати е исклучително индикативен. Соговорниците потсетуваат дека на 6 март исто така се одржаа консултации зад затворени врати. Но тие следуваа по обидите на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, и Жељко Цвијановиќ, претседавач на Претседателството на БиХ, поддржани од руските дипломати, да иницираат формална седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина и да се чуе таа страна на проблемот во БиХ. Сепак, тие обиди не резултираа со очекуваниот исход, па беше одржан поинаков формат на состанок – неформални консултации.
Овој пат, по барање на Словенија, состанокот на Советот за безбедност на ОН ќе има официјален формат, а за резултатите ќе информираме по официјалните соопштенија на ОН , на почетокот на наредната недела. Р.С.