Фото: Пиксабеј

Силен земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, утринава, околу четири часот, ја погоди Црна Гора, јави МИНА.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 32 километри северозападно од Никшиќ.

Земјотресот е регистриран во 4:06 часот, на длабочина од десет километри, а бил почувствуван низ цела Црна Гора.

Земјотресот беше почувствуван и во земјава.