Во пожар во Нови Сад што избувна утрово во семејна куќа загинаа шест луѓе, меѓу кои четири деца.
– Во пожарот што избувна утринава, околу три часот, во куќата на улицата „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години – изјави српскиот министер за внатрешни работи.
Сите жртви се од едно семејство. Децата биле на возраст од седум, пет, четири и две години.
Пожарот е изгаснат, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на трагедијата.
Според првичните информации, пожарот најверојатно го предизвикал скутер што бил приклучен на електричната мрежа.