Фото: Принтскрин

Пешаци преминувале преку висечки мост над реката Западна Морава во Србија кога конструкцијата се откачила по што тие паднале во водата, пренесуваат српските медиуми. Според првичните сознанија во несреќата во Овчар Бања загинало најмалку едно лице, а има 12 повредени кои се пренесуваат во Општата болница во Чачак, објави РТС.

Станува збор за туристи од БиХ, според неофицијални информации. Два автобуси со регистерски таблички од БиХ застанале на пауза во Овчар Бања, при што патниците излегле на прошетка по висечкиот мост, пренесува агенцијата РИНА.

– Под оптоварувањето сајлата пукна и сите патници паднаа во водата. На теренот се пожарникари-спасувачи и екипа на Брзата помош, луѓето се извлекуваат од водата. Повеќе од 50 луѓе паднале во водата, се вложуваат максимали напори за сите да се извлечат што побргу – информираат за РИНА.