Коронавирусот се врати во соседството на Хрватска
Меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционирани помеѓу 24 март и 7 април, била потврдена нова омикронска подваријанта XBB.1.16. или арктур, укажуваат најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија. Според словенечките здравствени работници, нови симптоми, како чешање, конјунктивитис и висока температура, се појавуваат таму каде што веќе е откриена варијантата, но засега не се забележани сериозни компликации.
Инаку, во Словенија моментално доминира варијантата XBB.1.5. Според Светската здравствена организација (СЗО), најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има „дополнителна мутација во протеинот на шилецот и е откриено дека е повеќе заразна и патогена во лабораториските студии“, објави СЗО.
Иако тоа може да значи дека би можело да се шири побрзо, нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста, додаваат тие.
Новата варијанта засега не е регистрирана во Хрватска, но затоа лекарите препорачуваат максимална внимателност и доследно почитување на сите препораки поврзани со коронавирусот.
Ненадејно зголемување поради споменатата подваријанта е забележано и во САД, Канада, Сингапур, Австралија и во Јапонија. Меѓу другите, откриен е во Данска, Германија, Шпанија, Холандија и Шведска, како и во Италија, укажуваат хрватските медиуми. А.М.