Словенија

Словенечката полиција уапси возач на автобус од Косово што возел патнички автобус со туристи без едно тркало, јавуваат медиумите во Словенија.
На автопатот Љубљана – Обрежје возилото било запрено и исклучено од сообраќај, а било управувано од 32-годишен маж од Косово.
На возачот полицијата веднаш му изрекла казна во висина од 400 евра, како што соопшти словенечката полиција. Возачот, чиј идентитет засега не се наведува, не можел да објасни каде го загубил тркалото од автобусот, кој бил полн со луѓе.
Инаку, покрај паричната казна за непочитување на законот за сообраќај, против него државните органи поведоа и судска постапка.

Подготви: Дејан Србиновски