Бугарија

Во Бугарија најголема доверба од граѓаните има претседателот Румен Радев, со 48 отсто, по што следуваат Бојко Борисов со 23 и Кирил Петков со 22 отсто поддршка, покажуваат податоците од националната анкета спроведена заедно од БТВ и „Маркет линкс“, на примерок од 1.020 полнолетни граѓани во периодот од 30 јули до 5 август со методите на директно, лично интервју и онлајн анкета
Доколку сега се одржат избори во Бугарија, ГЕРБ-СДС е првата политичка сила во земјата, со 22,4 отсто поддршка меѓу граѓаните. Продолжуваме со промената е на втората позиција, со поддршка од 19,1 отсто, а по неа е ДПС со 11,5 отсто, БСП има поддршка од 10,9 отсто, Преродба е на петтото место – со 8,4 отсто, а Демократска Бугарија има 8,3 отсто поддршка.
Според овие податоци, шест партии би влегле во следниот состав на бугарското народно собрание. Под прагот за влез, но блиску до границата, се Бугарски подем, со 3,9 отсто, и Има таков народ, со 2,8 отсто.
Не е мал процентот на оние што сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат. Ако сега има избори, 49 отсто велат дека сигурно ќе гласаат, 14 отсто се двоумат, додека 13 проценти сигурно нема да го остварат правото на глас.