Бугарскиот претседател Румен Радев денеска нагласи дека не може да се формира Влада во државата „по секоја цена“.
– Не може да има влада по секоја цена – производ на задкулисни и непринципиелни договори, а во исто време ќе инсистирам на конструктивен, отворен, ефективен дијалог, ќе инсистирам на исцрпување на сите можни опции за формирање влада – кажа Радев на консултациите со претставниците на политичката партија „Продолжуваме со промената“.
Шефот на бугарската држава се консултира со парламентарните сили во 48. Народно собрание според уставот пред да го предаде првиот мандат за формирање влада, јави БТА.