Прaвoто нa слoбoдa и здружувaњe е остварување на основните човекови права

Промоцијата и отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград може само да ги подобрат и унапредат првата на Македонците во Бугарија, а наедно да создадат и трајни пријателски врски помеѓу македонскиот и бугарскиот народ. Отворањето македонски културен клуб води кон демократизација на бугарското општество, а станува збор за остварување на основните човекови права

Денешниот светски поредок е поставен врз темелите на слободата, а тоа е очигледно во Универзалната декларација за човековите права, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации, во 1948 година. Во споменатиот меѓународен документ можеме да прочитаме: „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општочовечката припадност. Секој има право на живот, слобода и сигурност. Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мислeњe и изрaзувaњe. Oвa прaвo ja вклучувa и слoбoдaтa дa сe зaстaпувa oдрeдeнo мислeњe бeз никaквo вмeшувaњe и дa сe бaрaaт, дa сe примaaт и дa сe дaвaaт инфoрмaции и идeи прeку мeдиумитe и бeз oглeд нa грaницитe. Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa мирни сoбири и здружувaњe…“ и сѐ така до бесконечност.
Доколку се земе предвид дека декларацијата за човековите права е усвоена во далечната 1948 година, тогаш недостигот од основни човекови права за Македонците во Бугарија е апсурден, особено кога станува збор за држава што е членка на Европската Унија, политичка заедница што претпочита за себе да вели дека е еден од столбовите на светската слобода и колепка на демократијата. Затоа нема ништо спорно во отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. И покрај црната кампања што можеше да се забележи во медиумите и социјалните мрежи, кампања што беше насочена кон нарушување на угледот на основачите, македонскиот клуб станува реалност во бугарското општество.
Не смееме да заборавиме дека Македонците во бугарското општество немаат никакви индивидуални малцински права и нивното постоење се негира, а самоопределбата Македонец се третира како антибугарско и национално предавство. Но апсурдноста не завршува тука, Македонците со децении не можат да регистрираат сопствени здруженија и покрај многубројните пресуди на Европскиот суд за човекови права. Доколку го земеме предвид напишаното, тогаш промоцијата и отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград може само да ги подобрат и унапредат првата на Македонците во Бугарија, а наедно да создадат и трајни пријателски врски помеѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Отворањето македонски културен клуб води кон демократизација на бугарското општество и не претставува нарушување на Договорот за пријателство и добрососедство со Софија, бидејќи станува збор за остварување на основните човекови права.
Неколкупати досега основачите на македонскиот клуб посочија дека нивната цел е популаризирање на македонската култура во Бугарија, а името на клубот не е случајно одбрано, бидејќи Никола Вапцаров е великиот поет што го дал својот живот за Македонија и универзалните општочовечки и општествени вредности. Името на клубот „Вапцаров“ во Благоевград, неговиот идентитет и програма се во целосна спротивност од имињата на личностите со кои бугарското малцинство во Македонија сакаше да ги именува своите „културни“ клубови во нашата земја, кои асоцираат и се идентификуваат со фашизам и антисемитизам и ја провоцираат целата македонска, европска и светска антифашистичка јавност.
Македонскиот културен клуб е замислен како место каде што Македонците и другите бугарски граѓани ќе дискутираат за македонската литература и култура, но и за унапредувањето на човековите и малцинските права на Македонците во бугарската држава. Македонскиот клуб исто така поседува библиотека, во која е сместена многубројна литература во која се застапени македонски и бугарски автори.
Отворањето на клубот е во согласност и со декларацијата на Европската слободна алијанса (ЕФА), со која се повикува Европската Унија да ги охрабри Бугарија и Грција да ги поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА, Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални им се на државите во кои живеат и силно се мотивирани за нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ги нивната култура, нивните традиции и нивниот македонски јазик.

Европската слободна алијанса ги повика „Бугарија и Грција да најдат решение за македонското прашање и да ја признаат својата одговорност кон македонското малцинство на нивна територија и со тоа да почнат да водат европска политика за малцинствата и да им го дадат на Македонците целокупното право предвидено со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и други релевантни стандардни документи за малцинствата“.
Активностите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ не се во спротивност со Универзалната декларација за човековите права, ниту со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Затоа македонската држава треба да ги поддржи и помогне сите здруженија чија цел се демократизација и унапредување на човековите и малцинските права, без разлика каде се наоѓаат.