Фото: Архива

Косово

Командата на меѓународните сили на Косово открива постоење на специјална единица на КФОР, која досега не била јавно прикажана, а чија задача е разузнавачка работа, надзор и извидување. Се работи за баталјон за разузнавање, надзор и извидување што е задолжен да биде „очи“ и „уши“ на командантот на КФОР, со давање детален увид во ситуацијата од секој агол на Косово. Единицата има можности за разузнавачка работа, извидување и надзор, што е карактеристично за армиите на НАТО, каде што се обединети сите компоненти на воено-разузнавачката работа. Амблем на единицата е бувот, што е еден вид игра со зборови, бидејќи почетните букви на англискиот збор ги објаснуваат главните активности на тој состав.
– Набљудувањето е задолжение на австрискиот контингент, кој ја сочинува командата на првата извидничка чета. Набљудувањето меѓу другото се врши и со беспилотни летала и е задача на втората извидувачка чета, предводена од 185-от падобрански полк на КФОР за пронаоѓање цели – наведуваат регионалните медиуми.
Засега не се открива колкав број војници има елитната единицата, но од она што е достапно во информациите во јавноста тие ќе бидат околу 100.