Фото: Фејсбук/Еди Рама

Лична карта, пасоши, адреса на живеење и уште многу други лични податоци на албанскиот премиер Еди Рама денеска беа објавени од ирански хакери на мрежата Телеграм, јави Еј-би-си њуз. Станува збор за хакерите од групата „Татковинска правда“, кои веќе 14 месеци ги напаѓаат компјутерските системи на албанските владини институции. Тие покрај личните податоци на Рама, објавиле и податоци за сите негови влегувања и излегувања од Албанија, податоци за сите негови досегашни 394 патувања, авионски летови, кои, според Еј-Би-Си њуз често биле со скапи чартер летови,а дестинацијата била Турција.

Хакерите податоците ги објавија во момент кога во Тирана беше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Пред неколку дена хакерската група на својата веб-страница објави и податоци за директорот на албанската тајна служба – ШИШ, Хелидон Бендо.