Фото: Принт-скрин

Според излезните анкети

Според излезната анкета на агенцијата Галуп, ГЕРБ-СДС добила 24,6 отсто од гласовите на бугарскиот електорат, јавува дописникот на МИА од Софија. Втори се „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со резултат од 18,9 отсто од гласовите.

На третото место е Движењето за права и слободи, тие добиваат 14,8 отсто. На четврта позиција е БСП со 10,9 проценти. Националистичките „Преродба“ (10,1%), „Демократска Бугарија“ (7,4%) и „Има таков народ“ (4,6%) и партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ (4%).

Под прагот за влез во новото Народно собрание на Бугарија остануваат „Исправи се Бугарија“ (1,2 отсто) и ВМРО (0,9 отсто).

Со „не поддржувам никого“ гласале 3,3 отсто од гласачите.


Излезноста е помала за 3 до 5 отсто во споредба со ноември 2021 година

Одѕивот на гласачите во Бугарија е за 3 до 5 отсто помал во споредба со последните парламентарни избори во ноември 2021 година, изјави за БНТ социологот Борјана Димитрова од „Алфа Рисрч“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитрова, ова е резултат и на агендата на народот и нивните грижи, но и на пораките на политичарите кои не излегле во пресрет на овие грижи и проблеми.

Заморот и апатијата, како и немањето надеж зборуваат сами за себе, коментира и таа.

Социологот на Галуп Канчо Стојчев коментира дека нема драма во одѕивот на гласачите – бројот на гласачи се намалил за околу 150.000 лица помалку. Според него, гласачите во Бугарија го казниле „Продолжуваме со промената“.