фото: Пиксабеј

Едно лице загина, а две се повредени во експлозија во зграда што синоќа се случила во Смедерево.

Како што јави РТС, експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата околу 20 часот и 30 минути.

Четвртиот кат и двата ката подолу се разнесени.

Причината за експлозијата сè уште се утврдува.

Српски медиуми пишуваат дека експлозијата што се случила откако била активирана бомба на третиот кат од зграда во улица „Слобода“. Експлозивот, наводно, го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка дискусија со станарите на кои го издавал тој стан. Наводно, причина за кавгата била неплатена кирија. Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но станарите не му дозволиле, по што, како што пишуваат медиуми, се обидел да постави бомба во станот. Тој се разнел, додека две лица се повредени.