Фото: принтскрин

Тие прекрасни суштества – за време на земјотресот во Венецуела

Сите знаеме дека кучињата се најверни пријатели на човекот и често и животот го даваат за својот стопан. За овие наши верни и лојални придружници и за нивното херојство се снимени многу филмови, напишани се книги и песни. Овие четириножни интелигентни миленици често се користат и при наоѓање дрога или разни криминалци, а и како помош на болни лица. При земјотреси и други катастрофи, кучињата трагачи пронаоѓаат живи лица под урнатините и со нивна помош се спасени многу животи.
И при неодамнешниот катастрофален земјотрес во Венецуела, Латинска Америка, кучињата беа вистински херои и помогнаа да се извлечат живи голем број мажи, жени и деца од под урнатините.
Но во вистинитата приказна што ќе ви ја раскажеме, која се случи во оваа држава, златниот ретривер Макс, со своето тело, но и со упорност и бескрајна љубов, го спаси детето Матео и му помогна да преживее.
Матео бил заробен под урнатините на зградата во која живеел и околу него владеел целосен мрак. Неговиот верен златен ретривер Макс веднаш по катастрофата останал до него без да се помрдне ни сантиметар. Тој со своето тело го штител детето од студот и му го намалувал стравот, додека во неизвесност очекувале да ги пронајдат.
Поминале часови и часови додека спасувачите не се пробиле до нив низ урнатините. Кога стигнале тие здогледале незаборавна сцена: момчето мирно лежело, а златниот ретривер бдеел над него. Од очите му се гледало дека е исцрпен, уморен, но и решителен да не се помести од Матео сѐ додека не ги пронајдат.
Ова е уште еден доказ за безусловната лојалност и верност на кучињата, кои се важен дел од животите на многу деца на планетата.

M.T.