Дали сте знаеле…
Снимени се многу филмови во кои кучињата се главни ликови, па ќе ве потсетиме на некои од нив. А ако случајно не сте погледнале досега некоја од овие филмски приказни, распуст е, па сега ќе имате доволно време да ги проследите и да уживате во палавостите на четириножните херои.
ГРОМ – Ова мало куче всушност е глумец, кој својот живот до една случајност го минува во филмското студио. Кога конечно ќе се најде во вистинскиот свет, на патот до дома ќе сфати дека неговите посебни моќи всушност лежат во вистинското пријателство.
ПЛУТОН – Смешен, забавен и по малку несмасен, тоа е Плутон. Тој го следи Мики Маус во сите згоди и незгоди.
БЕТОВЕН – Голем бернардинец, кој упаѓа во неволји и ја смее публиката во трите продолженија на филмскиот серијал.
ПОНГО – Таткото на малите кучиња од расата далматинец, од кој сака да се ослободи лошата Круела Девил. По многуте перипетии следува големо спасување, а Понго и Пердита повторно се со своето големо и среќно семејство.
ЛЕСИ – Сигурно ја знаете приказната за кучето по име Леси. Тој упорно му се враќа на момченцето, кое го смета за единствен сопственик и најверен пријател. Ниедна оддалеченост не може да ги раздвои.
































