Нема опасност по животот на децата. Тие можат безбедно да се транспортираат, изјави денеска бугарскиот министерот за здравство Асен Меџидиев. Тој додаде дека напладне се очекува да биде во Белград.
– Повеќето оперативни интервенции на едно од децата веќе се направени. Состојбата на другото дете е подобрена, контактибилно, секојдневно се подобрува. Прогнозата е добра и за двете деца – посочи министерот.
Според него, трите деца примени во болницата во Стара Загора се во многу добра состојба, најверојатно утре ќе бидат пренесени до српската граница.
Меџидиев објасни дека состојбата и на повредените возрасни е добра.
– Човекот со ампутирана нога, можеби ќе го држиме уште малку додека се заврш и постоперативната работа – рече тој.
Претпладнево на аеродромот во Софија слетаа два српски хеликоптера што треба да превезат во Србија две од повредените деца во автобуската несреќа на автопатот Тракија на 14 август.