Фото: МНР на Бугарија

Бугарското министерство за надворешни работи на својата официјална страна објави дека на престојните предвремени парламетарни избори во Бугарија, од Македонија ќе гласаат 169 Бугари.

На официјалната страна на бугарското МНР, објавени се списоците со лица кои се пријавиле да гласаат во Македонија.

Во Скопје се пријавени 15 лица, во Битола 9, во Кавадарци 42, во Прилеп 41, во Струмица 22, во Тетово 40.

Предвремените парламетарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2-ри април.