Фото: Маја Јаневска-Илиева

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави пораката на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кој ја пренесе подготвеноста на Европската комисија за секој предлог што може да доведе до проширување на ЕУ во 2030 година, јави Топ чанел.

Рама во објава на социјалните мрежи напиша дека по „изјавите на Шарл Мишел, бавниот автобус на ЕУ станува интересно место за престој”.

– Нашата комисија која никогаш не го разочара нашиот регион, особено во тешки времиња. Мора да се признае, по изненадувачкиот говор на претседателот Мишел на Стратешкиот форум во Блед, бавниот автобус на ЕУ станува интересно место за престој дури и без слободно место – без сомнение патниците од Западен Балкан можат подобро да го издржат времетраењето на возењето додека го следат гласниот разговор меѓу седнатите момчиња. Да слушнеме што е следно – пишува Рама.

Рама ја поздравува одлуката на Советот кој „конечно сака да го направи големиот чекор за да се реализира проширување на Унијата”.

Претходно еврокомесарот Вархеи рекол дека „Европската комисија отсекогаш била подготвена да даде каков било предлог што би можел да доведе до проширување на 2030 година”.