Франција е решена да го поддржи регионот да стане дел од Европската Унија, а ова ветување му е дадено само на Западен Балкан, изјави амбасадорот на Франција во Србија, Жан-Луј Фалкон.
– Имаме намера да го исполниме тоа ветување, тоа не се само убави зборови, туку искрено ветување, кое не им беше дадено на другите региони – рече Фалкони на онлајн конференцијата „Франција и европската интеграција на Западен Балкан“, организирана од белградскиот центар за безбедносна политика.
На прашањето дали проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ќе биде приоритет на француското претседателство со ЕУ, амбасадорот рече дека сите политики ќе бидат приоритет и дека ако земјите ги преземат потребните чекори, ќе има напредок доколку има волја за напредок, но дека тоа зависи од регионот, пренесе „Данас“.
Словенечкиот претседател Борут Пахор, кој вчера беше во посета на Босна и Херцеговина, рече дека „проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е ултимативно геополитичко прашање и е важно за мирот, безбедноста на луѓето од Западен Балкан, како и за земјите од ЕУ“.
Тој рече дека Словенија е традиционално сојузник на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.