Ситуацијата со мигрантите на турско-грчката граница и понатаму е алармантна поради судирот на мигрантите со полицијата недалеку од пограничното грчко село Кастанијеса, пренесува српски „Курир“.

Грчката полиција одговорила со фрлање солзавец на налетот од мигранти кои, според некои проценки, се повеќе од 20.000 по должина на грчко-турската граница чија должина е 200 километри.

Откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги отвори границите за мигрантите, турските криумчари поради преголемиот налет биле принудени да ја намалат цената за префрлање на мигрантите на територијата на ЕУ, па сега наплаќаат по 15 долари од човек за префрлање преку грчката граница.

– Порано наплаќавме 200 или 300 долари по човек, но сега падна цената поради огромната навала – вели еден криумчар.