Првата група од 117 државјани на Авганистан, која пред неколку дена нашла засолниште на Косово, треба да отпатува за Велика Британија, велат извори од Министерството за внатрешни работи за Радио Слободна Европа. Тие вчера попладне беа на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Дестинацијата на првата група што се очекува да замине е Велика Британија.
Групата што заминува досега беше сместена во градежниот логор „Бехтел-Енка“ кај Урошевац.
Во тој камп имаше цивили што работеа со силите на НАТО во Авганистан.
Околу 810 бегалци беа засолнети во кампот „Бехтел-Енка“ во Урошевац, а 161 во американскиот камп „Бондстил“, исто така во Урошевац.
Учесниците на Меѓународната конференција за помош на Авганистан ветија повеќе од милијарда долари, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој го отвори собирот, повикувајќи ги шефовите на државите да ѝ помогнат на таа земја и нејзините жени, но и да одржат дијалог со талибанците.