Грција и САД вчера, во Вашингтон, требаше да го одржат третиот круг од стратегискиот дијалог меѓу двете земји, а ќе го потпишат и вториот изменет протокол на Договорот за меѓусебна одбранбена соработка.
Портпаролот на грчката влада, Јанис Иконому, рече дека договорот што ќе се потпише во САД е особено важен и „дополнително го надградува грчкиот геостратегиски и геополитички отпечаток“.
– Станува збор за е исклучително важен договор, кој го зајакнува стратегискиот, но и воениот отпечаток на САД во нашата земја – рече Иконому и додаде дека договорот е уште еден успех на грчката влада.
Шефот на грчката дипломатија, кој е во посета на САД, ќе оствари одвоени средби и со министрите за надворешни работи на Израел и Обединетите Арапски Емирати, кои исто така ќе бидат во Вашингтон.