Албанија го протерала иранскиот амбасадор и уште еден дипломат заради „нарушување на националната безбедност“, објави тамошното министерство за надворешни работи.

Портпаролот на иранското МНР рече дека таквиот чекор бил преземен под притисок на Израел и САД.

– Верувам дека тоа е чекор кон нарушување на иранските односи со Европа во многу чувствителни времиња – рече портпаролот за државната агенција ИРНА, при тоа додавајќи дека очекува Албанија да ја почитува сопствената независност.

Израел го смета Иран за свој голем непријател и ги поддржа напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во мај 2015 година еднострано го напушти нуклеарниот договор меѓу Иран и шест светски сили, заради повторно воведување на санкции за Техеран.

САД ја поздравија одлуката на Тирана.