БиХ

Жителот на Бања Лука Драгослав Г. е полесно повреден во сообраќајна незгода, која ја предизвикал за време на полициски час, а во текот на полицискиот увид било констатирано дека тој требало да биде во карантин. Незгодата се случила на 22 март, во 2.30 часот по полноќ, кога со автомобилот БМВ излетал од патот во центарот на градот. Против Драгослав била поведена прекршочна постапка, поради возење под дејство на алкохол и поради непочитување на изолацијата и на полицискиот час, за што следува парична казна од 500 до 1.500 конвертабилни марки.