Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден денеска сопшти дека САД воведуваат забрана за увоз на руска нафта и природен гас.  

Во САД, цената на бензините е зголемена и со овој чекор таа се очекува да порасне уште повеќе, но притисокот на законодавците од двете партии во Конгресот беше силен со повиците Русија да се казни поради војнатa сo Украина. 

– Ова значи дека руската нафта нема повеќе да се прима во американските пристаништа и американскиот народ прави уште еден моќен удар врз таа воена машина – изјави Бајден. 

Како што кажа, ова се едни од најзначајните економски и финансиски санкции досега наметнати кон една земја.

Тој најави испуштање на 16 милиони барели нафта од заеднички нафтени резерви за да се намали притисокот врз цените на горивата, и ги повика нафтените копании да се однесуват одговорно и да не ја користат приликата за профитирање на грбот на американските потрошувачи. 

– Руската агресија има цена. Ние сме спремни да ја платиме, но компаниите треба да се однесуваат одговорно, и да водат со пример – истакна Бајден