Фото: Џо Бајден/Твитер

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ наредил на американската војска да помогне во соборување на иранските ракети, соопшти Белата куќа по почетокот на нападот.
Бајден и американската потпретседателка Камала Харис го следат нападот од Белата куќа и добиваат редовни ажурирања, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Шон Савет на мрежата Х (Твитер).