Фото: Твитер/Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Иран да биде „внимателен“ и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му потврди дека САД испраќаат воена помош во борбата на Израел против Хамас.

Обраќајќи им се на група водачи на еврејската заедница во САД, Бајден за првпат го поврза распоредувањето на американската флота во источниот Медитеран во близина на Израел со стравувањата дека Иран може да се обиде да се вмеша.

-Го преместивме американскиот носач на авиони во источниот Медитеран и испраќаме повеќе борбени авиони во областа и јасно им кажавме на Иранците: бидете внимателни – рече американскиот претседател.

Американските власти засега наведуваат дека не се во можност да утврдат директна врска меѓу нападите на Хамас врз Израел и иранското учество, но бараат таква конекција бидејќи Техеран го поддржува Хамас.