Фото: Бела куќа/Фликр

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека засега планира повторно да се кандидира на следните избори во 2024 година, а доколку се кандидира и неговиот претходник Доналд Трамп, тоа само ја зголемува веројатноста за негова нова кандидатура.

– Дали планирате повторно да се кандидирате“, го праша Бајден водителот на „Еј-би-си њуз“ Дејвид Мур.

– Јас многу ја почитувам судбината. Судбината многупати ми се вмеша во животот. Ако имам добро здравје како што сум сега, повторно ќе се кандидирам – рече Бајден.