Најмалку 19 луѓе се повредени кога автобус влетал во продавница во источниот дел на Лондон.
Повреден е и возачот, а пожарникарите со помош на специјална опрема морале да го ослободат од седиштето.
Портпаролот на лондонската брза помош изјави дека во болница се пренесени пет лица, двајца возрасни и три деца, пишува „Скај њуз“.
Автобусот, утрово, околу 8.20 часот, на авенијата Селвин удрил во зградата во која се наоѓа електричната трафостаница. На местото на несреќата пристигнале возила на брзата помош со цел што побргу да им се укаже прва помош на повредените.