Кремљ денеска експресно реагираше и ги критикува Полска и Словачка за ветувањето дека ќе испорачаат борбени авиони на Украина, пренесе „Скај Њуз“.
Двете земји во изминатите 24 часа ветија дека ќе ангажираат борбени авиони „МиГ-29“ за Украина.
Во краткото соопштение, Кремљ наведе дека „авионите ќе бидат уништени и нема да направат разлика во текот на конфликтот“.
Да потсетиме, утринава словачката Влада одобри испраќање на 13 борбени авиони „МиГ-29“ во Украина. Веста утринава ја потврди словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачка е втората земја која објави дека ќе испрати воени авиони во Киев, по Полска, која вчера најави испраќање на четири „МиГ-29“.
Минатото лето Словачка приземји дел од својата флота од 11 авиони „МиГ-29“, иако повеќето од нив беа во оперативна состојба. Тие што работат ќе ги испратат, а останатите ќе одат за резервни делови, наведуваат локалните медиуми.