Авганистан вечерва беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, пренесе ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри, а освен во Авганистан, почувствуван е и во неколку околни земји.
Граѓаните на Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија известуваат дека го почувствувале земјотресот.
Британските медиуми пренесуваат дека очевидци наведуваат дека тлото во авганистанската престолнина Кабул и делови од северен Пакистан силно се треселе.
Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча.