Фото: принтскрин

Американскиот претседател Џо Бајден и двајца високи функционери од неговата администрација се тужени за учество во геноцидот во Појасот Газа.

Претседателот на САД и секретарот за одбрана се обвинети дека не го спречувале и го помагале геноцидот; тужбата беше поднесена до федералниот суд од непрофитна правна организација, пренесе „Гардијан“.

Група за граѓански слободи во Њујорк го тужи Џо Бајден за наводно неисполнување на неговата должност според меѓународните и американските закони да го спречи Израел да изврши геноцид во Газа.

Жалбата на Центарот за уставни права (ЦЦР) во име на неколку палестински групи и поединци наведува дека акциите на Израел, вклучително и „масовните убиства“, таргетирањето на цивилната инфраструктура и принудните протерувања, претставуваат геноцид. ЦЦР рече дека меѓународната конвенција од 1948 година против геноцид бара од САД и другите земји да ја искористат својата моќ и влијание за да го запрат убиството.

Во тужбата, поднесена до федералниот суд во Калифорнија, се бара од судот да им забрани на САД да даваат оружје, пари и дипломатска поддршка на Израел. Во тужбата, исто така стои дека претседателот Бајден, државниот секретар, Антони Блинкен и секретарот за одбрана, Лојд Остин, се обврзани „да ги преземат сите мерки во нивна моќ за да го спречат израелското извршување на геноцидни акти против палестинскиот народ во Газа“. Тие вклучуваат притисок врз Израел да го прекине бомбардирањето на Газа, да ја укине опсадата на територијата и да го спречи насилното протерување на Палестинците – пренесе „Гардијан“