ФОТО: Принтскрин

Поранешниот претседател на Република Србија, министер за надворешни работи и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија, Милан Милутиновиќ, почина денес на 81-годишна возраст, пренесе Максфакс.
– Последен поздрав до Милан Милутиновиќ, поранешен претседател на Република Србија и поранешен потпретседател на Социјалистичката партија на Србија – напиша лидерот на СПС и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на својот Инстаграм профил.

Датумот на комеморацијата и погребот ќе и биде соопштен на јавноста подоцна.